Искусниот играч за врска Хуан Мата би можел да се врати во Шпанија.
Договорот на Мата со Манчестер Јунајтед неодамна истече, а по заминувањето беше многу отворен.
„Јасно е дека направивме премногу грешки на теренот. Исто така, можевме подобро да се справиме со одредени ситуации кои се случуваа во клубот, вклучително и промена на менаџерот и други негативни работи. Тоа премногу влијаеше на нас. Одредени стандарди не беа исполнети“, изјави Мата.
Тој веќе доби неколку понуди од Ла Лига, а нов клуб ќе му бидат Севиља, Бетис или Реал Сосиедад.
Пред Јунајтед, Мата играше за Челзи, Валенсија, Реал Мадрид и Реал Овиедо.
За Манчестер минатата сезона забележа само 12 настапи во четири натпреварувања.
Овој 34 години, тешко дека ќе има голем избор ова лето.