ФУДБАЛ

Хуго Лорис го продолжи договорот со Тотенхем

Францускиот голман Хуго Лорис се уште нема намера да го напушти Тотенхем.

Лорис пристигна во Тотенхем пред десет години од Лион за речиси 13 милиони евра и се покажа како вистински хит за лондонскиот клуб.

Иако има 35 години, сепак брани на одлично ниво во Тотенхем, но и во француската репрезентација. Затоа челните луѓе на лондонскиот клуб решија да му понудат нов договор на Лорис.

Тој имаше договор со Тотенхем до крајот на оваа сезона и се шпекулираше дека по десет години би можел да го напушти овој клуб, но тоа нема да се случи.

Тотенхем денеска потврди дека Лорис одлучил да го продолжи договорот до летото 2024 година.

Италијанскиот стручњак Антонио Конте пред неколку недели јасно им стави до знаење на челниците на Тотенхем дека сака Лорис да остане во клубот, а тие брзо реагираа и за неколку дена се беше решено.