ФУДБАЛ

Хулигани од Марсеј нападнаа хотел во кој беа присутни членови на управата на ПАОК и навивачи (ВИДЕО)

Марсеј и ПАОК вечерва го играат првиот натпревар од четвртфиналето на Конференциската лига, а претходната вечер имаше напад на хотелот во кој беа сместени гостите од Грција.

Во хотелот, кој беше нападнат од локални хулигани, беа сместени членовите на управата на ПАОК кои пристигнаа во Франција на натпреварот.

Освен нив, во истиот хотел биле сместени и 40-тина навивачи кои пристигнале од Солун, а француските медиуми пишуваат дека пред хотелот дошло до физичка пресметка и дека неколку лица се полесно повредени.

Француската полиција на крајот успеа да го спречи хулиганскиот судир и да спречи немири од големи размери.

Се појавија и видеа од нападот на хотел во Марсеј.

Инаку, натпреварот на овие екипи се игра вечерва од 21 часот, а победникот по 180 минути игра ќе го добие подобриот од дуелот Феенорд – Славија Прага.

https://twitter.com/SdnaGr/status/1511850245940031493

https://twitter.com/i/status/1511849712504254467