ФУДБАЛ

И Челзи се огласи по санкциите против Абрамович: Итно треба да разговараме со владата!

Сопственикот на Челзи, Роман Абрамович, доби замрзнување на имотот од британската влада што го поседува, вклучувајќи го и Челзи, актуелниот европски и светски шампион.

Абрамович не може да продава имот или друг вид купување на Островот, па продажбата на Челзи е стопирана, а Телеграф претходно денеска објави дека сините го доведуваат во прашање гостувањето во Лил во реваншот од осминафиналето на Лигата на шампионите.

„Сините“ се ограничени да потрошат повеќе од 20.000 фунти за една посета, а им требаат многу повеќе пари за да заминат во Франција. Исто така, многу спонзори се довоумат за продолжување на соработката по овие санкции, па јасно е дека Челзи е во големи проблеми.

Конечно решија и да излезат со соопштение во кое велат дека мора да разговараат со Владата на Велика Британија.

„Врз основа на неговата 100% сопственост на Челзи и ентитети поврзани со клубот, Челзи ќе подлежи на истиот режим на санкции како и г-дин Роман Абрамович. Сепак, владата на ОК издаде општа лиценца што му дозволува на Челзи да продолжи со одредени активности. Денес ќе ги реализираме натпреварите на нашите машки и женски тимови против Норич и Вест Хем Јунајтед, по што имаме намера да разговараме со Владата на ОК за лиценцата, која ќе вклучува дозволување да се смени општата лиценца за да му се овозможи на клубот да работи што е можно понормално. Ќе бараме и насоки од Владата на ОК за влијанието на овие мерки врз нашиот клуб и неговата важна работа во нашите заедници“, се вели во соопштението на лондонскиот клуб.

Така, Челзи не е ниту виновен ниту должен да влезе во големи проблеми и ќе видиме како ќе заврши сето ова.