Даглас Коста стана последниот играч на Јувентус што ја напушти земјата пред да заврши неговиот 14-дневен карантин.
Фудбалерите на Јувентус беа ставени во карантин по ширењето на пандемијата на коронавирус, но во меѓувреме, некои играчи го прекршија правилото и заминаа во нивните земји.
Прво тоа го сторија Гонзало Игуаин, Миралем Пјаниќ и Сами Кедира, а сега тоа го стори и Даглас Коста.
Голем број извори објавија дека Бразилецот добил дозвола од клубот да се врати дома во Бразил.
Со оглед на тоа што Јуве имаше два позитивни теста во својата постава, го поставува прашањето дали е добро да им се дозволи на играчите да го напутат карантинот.
Даниеле Ругани и Блез Матуиди се заразените во Јувентус. Игуаин и другите играчи тестираа негативно, но карантинскиот период не треба да истече пред 25 март.