ФУДБАЛ

И додека е намќор во очите на многумина, Суарез ја покажа својата големина во тунелот „Етихад“ (ВИДЕО)

Луис Суарез е познат како многу намќор играч, поради што многу љубители на фудбалот не го сакаат премногу.

Суарез моментално настапува за Атлетико Мадрид, а пред првиот натпревар од четвртфиналето на Лигата на шампионите покажа вистинска големина.

Уругваецот многу добро знае како е да се игра против Манчестер Сити, неколку пати играше против Граѓаните прво како член на Ливерпул, а потоа и како член на Барса.

Иако му го скршија срцето во 2014 година кога му ја однесоа титулата во Премиер лигата пред нос, Суарез сепак многу го цени и почитува Сити.

Атлетико тренираше на „Етихад“ во понеделникот, а кога излегоа од соблекувалните, дел од играчите на мадридскиот клуб се приближуваа до клупскиот грб на Атлетико.

Кога видоа дека можат да го нагазат игрбот, Саурез брзо ги запре двајцата соиграчи и им порача да не го прават тоа.

Но, имаше и такви кои не обрнуваа премногу внимание на грбот, како што беше случајот со Антоан Гризман, кој како на подиумот се шеташе низ грбот на Сити.

 

 

ПОВРЗАНО

Премиер Лига