ФУДБАЛ

И ФИФА „има душа“ ова е најдобриот пример

Голем број на играчи во последните неколку дена во Бундеслигата изразија политички пораки за време на прославата на голот.

Sвездите на Бундеслигата протестираа против убиството на афроамериканецот Џeорџ Флојд во Минеаполис од страна на полицијата.

Јасно е дека ФИФА не дозволува никакви политички пораки за време на натпреварите, а фудбалските федерации биле особено строги во воведувањето санкции за сите оние што го кршат правилото.

Сепак, овој пат, ФИФА на некој начин ги поддржуваше играчите, затоа што ги повика фудбалските федерации ширум светот да ги „разберат испратените пораки“. Меѓу оние кои привлекоа внимание со пораки за убиениот Флојд и повик за отпор беа Маркус Турам од Борусија Мехенгладбах, Џејдон Санчо од Борусија Дортмунд и Вестон МекКени од Шалке.

“ФИФА ја разбира длабочината на оваа иницијатива и загриженоста изразена од фудбалерите за трагичната смрт на Џорџ Флојд. Примената на правилата на играта … е оставена на организаторите на натпреварите, кои треба да го користат здравиот разум и да го земат предвид контекстот на настанот”, се вели во соопштението на ФИФА. .

ПОВРЗАНО

Бундеслига