Фудбалерите на Реал го совладаа тимот на Севиља со резултат 4:2 во 18. коло од Примера, а особено задоволен по триумфот беше тренерот на кралскиот клуб. Карло Анчелоти конкретно се осврна на Килијан Мбапе, кој долго време беше мета на критичарите…
-Вчера кажав дека заврши периодот на адаптација на Mбапе… и денес ми докажа дека понекогаш и јас сум во право. Беше самокритичен. Излезе од тешка ситуација и го покажа сиот свој квалитет – изјави тренерот на Реал. Неговиот тим изгледаше добро против Севиља.
– Го поправивме она што ни недостигаше: малку став, колективна посветеност и малку повеќе трчање. Се вративме и работиме добро. Двата месеци по поразот од Милан беа многу тешки за тимот бидејќи имавме тешки игри, вели Анчелоти.
