ФУДБАЛ

И Кристијано Роналдо проговори по шокантните сцени од стадионот Паркен

Натпреварот помеѓу Данска и Финска на Европското првенство беше прекинат откако Кристијан Ериксен се сруши на теренот.

Ериксен падна на теренот на самиот крај од првото полувреме и веднаш стана јасно дека нешто не е во ред затоа што немаше други играчи околу него.

Набргу потоа еден од неговите соиграчи притрча кон Ериксен и виде дека е во бесознание и се обиде да му помогне.

Лекарскиот тим брзо се појави да му помогне на Ериксен и сите беа шокирани кога преносот јасно покажа дека се обидуваат да го реанимираат данскиот играч.

Други дански фудбалери застанаа пред Ериксен, така што камерите не можеа да забележат како лекарите го оживуваат.

Судиите потоа го прекинаа натпреварот и Ериксен беше изнесен надвор од теренот. Но, тој веќе се разбуди и се врати во живот и затоа доби аплаузи од трибините.

После тоа, УЕФА објави на официјалната веб-страница и потврди дека Ериксен е во стабилна состојба и дека е итно пренесен во болницата, каде ќе бидат направени дополнителни тестови за да се открие во што е проблемот.

Многу фудбалери се огласија на социјалните мрежи затоа што беа шокирани од сцените од стадионот Паркен во Копенхаген.

Кристијано Роналдо се огласи и на Инстаграм за да му даде порака за поддршка на Ериксен.

“Нашите мисли и молитви се со Кристијан Ериксен и неговото семејство. Светот на фудбалот е обединет и се надеваме на добри вести. Сметам на Крис. Ве гледам на теренот. Бидете силни”, напиша Роналдо.