ФУДБАЛ

И Манчестер Јунајтед го има својот Хулк: Лингард направи неверојатна трансформација

Фудбалерот на Баерн, Леон Горетцка ја искористи паузата за време на коронавирусот за да помине што повеќе време во теретана, а многумина ги изненади со својот изглед кога се врати на терените.

Горецка сега изгледа како бодибилдер, а до пред половина година беше слаб фудбалер. Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Џеси Лингард, кој изгледа дека не ја напушта салата, реши да го стори истото.

На Лингард не му одеше добро претходните две години во Јунајтед, но тој реши да се подготви што е можно повеќе за новата сезона и да му докаже на Солскјер дека заслужува место во првиот тим.

27-годишникот сака да биде што е можно физички поподготвен, а честите посети на теретана дадоа одлични резултати. Лингард објави на Инстаграм каква трансформација направи и ја воодушеви јавноста.

Многумина рекоа дека сега и Црвените ѓаволи го имаат својот Хулк.