ФУДБАЛ

И Мануел Ноер се пофали со новиот дрес (ФОТО)

Баерн Минхен вечерва за прв пат ќе се појави во новите дресови.

Адидас подготви нови дресови за Баварците кои ќе се користат следната сезона, а клубот ги претстави денес на социјалните мрежи.

За да може сè да биде комплетно завршено, излезе и голманот на Баерн, Мануел Ноер, презентирајќи ја својата комбинација која ќе ја носи следната сезона.

“Нашиот нов домашен дрес. Среќен сум што сум дел од семејството Баерн”, напиша Нојер.