Манчестер Јунајтед планира да го купи дефанзивецот на Наполи, но 90 милиони евра не беа доволни.
Жозе Мурињо се надеваше, но ништо од Кулибали. Јунајтед имаше намера да го донесе, но Наполитанците не сакаа да го ослободат 27-годишниот Сенегалец.
„Ла Република“ пишува дека Кулибали е прва желба на Мурињо за трансфер периодот во јануари, но Наполи веднаш ја одбил понудата, која изнесува 90 милиони евра.
Кулибали неодамна потпиша нов договор со Наполи, до 2023 година, а во Наполи дури и не сакаат да размислуваат за негова продажба, под 100 милиони евра.
Освен Јунајтед, Кулибали го сакаат Сити, Баерн Минхен, Реал Мадрид и Барселона, но сепак ќе видиме дали некој ќе издвои толку пари за доведување на овој дефанзивец.