ФУДБАЛ

И Пирло го коментираше фрлањето на дресот на Роналдо

Јувентус ја совлада Џенова со 3-1, а Кристијано Роналдо ги изгуби нервите поради бројните промашувања што ги имаше.

По натпреварот, тој го соблече дресот и го фрли, со што го истури својот гнев.

Андреа Пирло, тренерот на Јувентус, ја прокоментира целата ситуација.

Тој не го критикуваше Роналдо, напротив.

„Нормално е дека тој сака да постигне гол. Ставот е на шампионите кои секогаш сакаат да се истакнат“, рече Пирло.

Подоцна се појавија гласини дека Роналдо всушност не го фрлил дресот, но го испочитувал момчето кое ги береше топките зад голот.