ФУДБАЛ

И покрај сите неволји, Лапорта летово некако издвои огромна сума за трансфери

Барселона неодамна се стекна со 207,5 милиони евра, сума добиена од продажбата на процент од телевизиските права на натпреварите од Ла Лига за следните 25 години.

Така Каталонците успеаја да ја поправат тешката финансиска ситуација низ која минуваат неколку години. Претседателот на клубот Жоан Лапорта е навистина убеден дека Барселона ќе има профит на крајот на оваа година.

 

Екипата од „Камп Ноу“ сака на лето многу да инвестира во трансфери за да не се повторат лошите искуства од неодамна завршената сезона.

 

Според шпанска Марка, раководството на Барселона летово издвоило 200 милиони евра за трансфери, што е огромна сума со оглед на сите финансиски проблеми во последните години.

 

Главна цел беше Роберт Левандовски, но Баерн досега одби три понуди, па ќе видиме дали Барселона ќе поколеба со понуди.

 

Каталонците се блиску до откажување од уште 15 отсто од телевизиските права, трансакција која ќе им донесе 400 милиони евра, што ги радува и навивачите.

 

Да потсетиме дека Жоан Лапорта неодамна изјави дека тимот почнува финансиски да закрепнува, па сакал да го прослави тој аспект и однел преку 500 вработени во клубот во италијански ресторан.

ПОВРЗАНО

Ла Лига