ФУДБАЛ

И последниот фудбалски волшебник позитивен на коронавирус

Легендарниот фудбалер Роналдињо неодамна конечно излезе од затворот во Парагвај.

Роналдињо беше уапсен во Парагвај за фалсификување документи и помина скоро половина година во затвор.

Сепак, беше одлучено тој да биде ослободен и да се брани од слобода. Роналдињо се врати во Бразил каде што е моментално и вечерва повторно објави лоши вести.

Имено, некогаш најдобриот играч на светот, објави на социјалните мрежи и потврди дека е позитивен на коронавирус.

Роналдињо нема симптоми и се чувствува добро, а веќе неколку дена е во самоизолација.

https://twitter.com/BrasilEdition/status/1320428954013106178