ФУДБАЛ

„И Реал изгуби од Леванте, па зошто да не и Ливерпул од нас?“

Фудбалерот о средниот ред на Црвена Звезда, Горан Чаушиќ е оптимист пред утрешниот натпревар против Ливерпул.

Иако Црвена Звезда многумина ја отпишаа пред натпреварот на Енфилд, Чаушиќ е оптимист и вели дека во фудбалот се е можно.

“Реал изгуби од Леванте, изгуби и Барселона, па зошто да не и Ливерпул? Важно е да бидеме агресивни и добро да стоиме на терен. Тоа е начинот на кој ние треба да се спротиставиме. Не чека голем натпревар, а на нас е да бидеме најдобри што можеме. Не треба да се плашиме, но да се игра без страв, со многу трки и пресинг”, изјави играчот од средниот ред.

Натпреварот помеѓу Ливерпул и Звезди е закажан за утре во 21 часот на Енфилд во Ливерпул.