ФУДБАЛ

И тоа го дочекавме: Преку Whatsapp, го потврди продолжувањето на договорот

Потврдата на овој договор ќе беше целосно анонимна, ако претседателот на клубот не го објавеше ова преку неговиот личен Twitter акаунт.

Тимот од Сардинија оваа сезона ја исполни главната цел, а тоа е, секако, останување во најдоброто друштво. Во таа мисија, тие успеаја да ја освојат 15. позиција со постигнати 41 поен.

Каљари овие денови повеќето се споменува во контекст со заминувањето на младиот играч Никол Барел, првиот човек на клубот Томазо Гиулини се пофали со успешното продолжување на договорот со играчот Лука Цигарини.

Претседателот на тимот, целиот тек на преговорите со триесет и двегодишниот играч од средниот ред го сподели на социјалните мрежи:

„Дали имаме договор?“
„Да, имаме!“

„Ти благодарам Цига, во добри раце сме со тебе, или подобро да кажам нозе“
„Ти благодарам, поставивме добри темели“
„Те очекувам утре за потпис“