Барселона сериозно беше заинтересирана за Вајналдум од Ливерпул. Тој беше голема желба на новиот тренер Роналд Куман. Сепак, според најновите информации тој ја одбил понудата од Каталонците и почнал преговори за продолжување на договорот со Ливерпул. Англиските медиуми пишуваат дека Јурген Клоп успеал да го убеди холандскиот фудбалер да остане на „Енфилд“ уште некоја сезона. Неговиот договор му истекуваше следната година.