ФУДБАЛ

И тоа се случува – претседателот прекина меч во Катар (ВИДЕО)

Слики и видеа од фудбалски натпревари во Катар ни доаѓаат се почесто. Светското првенство е минато, азискиот куп исто така, а фокусот таму е националниот шампионат. И токму од еден натпревар пристигна необично видео.

Богатиот шеик Калифа бин Хасан Ал Тани слезе од ложата на стадионот на теренот и незадоволен од судењето ја прекина играта. Тоа беше мечот меѓу Ал Вакрах и Ал Шад, кој по кратка пауза сепак се одигра и заврши нерешено – 0:0.

Револтиран од арбитражата, на теренот влезе претседателот на домашната екипа Калифа бин Хасан Ал Тани и протестираше до судијата. Играчите се обидоа да го вратат од теренот, стручниот штаб исто така, но тој беше упорен и покажа – кој е газда на стадионот.