ФУДБАЛ

И тоа се случува: Со играч помалку дадоа четири гола

Необичен натпревар се одигра денес во Белорусија.

Енергетик-БГУ беше домаќин на Славија на нивниот стадион во Молодехно и на крајот остварија убедлива победа со резултат 5:0, па се пробија до третото место.

Веќе во четвртата минута домаќинот стигна до предност со гол на Јакшибоев, но во 26. минута остана без Црногорецот Бакиќ кој доби директен црвен картон. Се чинеше дека тоа ќе биде хендикеп за домаќинот, но…

Не дека не беше така, но како да имаат уште двајца играчи на теренот, па до крајот на мечот постигнаа уште четири гола и славеа со 5:0.

Тве го зголеми водството на 2:0 на почетокот на второто полувреме, Јакшибоев во 58-та минута, а во последните дваесет минути Совпел излезе на сцена и ги реши сите дилеми околу победникот со два гола.