Се повеќе се зборува за трансфер на Лионел Меси во ПСЖ.
Тоа може да се случи на крајот на оваа сезона, а постојаните судири на Меси со челниците на Барселона го поддржуваат тоа.
Самиот Нејмар рече дека сака да дојде Меси, а сега тренерот на Париз, Томас Тухел е запрашан на оваа тема.
“Не сакам да зборувам за Меси затоа што тој не е фудбалер на мојот тим и имам огромна почит кон него и Барселона. Немам што да кажам на оваа тема”, изјави мистериозниот Тухел.
Договорот на Меси истекува на крајот на сезоната, а тие наводно вршат притисок врз Барса да потпише нов и со тоа да ги реши сите сомнежи.