Легендарниот италијански голман Џанлуиџи Буфон го прослави својот 42-ти роденден пред неколку дена.
Буфон сè уште не сака да се пензионира откако се врати во Јувентус ова лето. Искусниот голман потпиша договор до крајот на оваа сезона, но очигледно е дека тој нема намера да се пензионира.
Италијанските медиуми објавија дека Буфон нема да ја заврши кариерата оваа сезона и дека сака да го продолжи договорот со Јувентус за уште една година.
Калчомеркато објави дека Буфон ќе има состанок со челниците на Јувентус во март, и дека новиот договор ќе биде главна тема. Буфон јасно стави до знаење дека сè уште нема да замине во пензија и дека нема да му пречи да биде резервна опција во Јувентус следната сезона.
Наводно, Јуве ќе ја исполни неговата желба затоа што сакаат да го направат збогум за сеќавање. Пред неколку години, навивачите ги критикуваа затоа што му дозволиле да замине во ПСЖ и очигледно е дека веќе не сакаат да повторат таква грешка.