ФУДБАЛ

Иако имаше сезона далеку под своето ниво, Меси ги издвои трите најсветли точки

Лионел Меси во летото 2021 година како слободен играч го засили ПСЖ.

Аргентинецот не се прослави во првата сезона надвор од стадионот „Камп Ноу“, па играше под своето ниво.

Во вториот дел од сезоната доби дури и свирежи од трибините на Паркот на принцовите, откако ПСЖ беше елиминиран во осминафиналето на Лигата на шампионите од Реал Мадрид.

Аргентинецот сега е на заслужен одмор, но по него тргна само откако даде интервју за клупската телевизија.

Лионел Меси издвои три од најсветлите моменти од претходната сезона:

„Имав многу премиери во Париз. Се сеќавам на моето деби со Ремс, специјален натпревар. Тоа беше мојот прв на Паркот на принцовите против Лион, што беше многу добро. После тоа дојде мојот прв гол во лигата, против Нант“, изјави Меси за ТВ ПСЖ.