На денот кога го постигна својот трет хет-трик во осум натпревари, Пеп Гвардиола ја откри најголемата мана на Ерлинг Халанд.
Халанд се истакна на уште еден натпревар. Тој постигна три гола против Манчестер Јунајтед во победата од 6:3, со што по којзнае кој пат го потврди статусот на најдобар млад напаѓач на денешницата.
Гвардиола по натпреварот откри што всушност не му се допаѓа кај норвешкиот стрелец, кој во досегашниот дел од сезоната е навистина немилосрден кон противничките одбрани.
„Тој еднаш рече дека би сакал да ја допре топката и да постигне пет гола. Тоа не ми се допаѓа. Сакам да биде максимално вклучен и да има контакт со топката“, изјави Пеп.
Сакам да го добие она чувство кое може да се почувствува само кога фудбалер ја има топката во своите нозе“, додаде еден од најдобрите тренери на денешницата.
„Против Јунајтед ми се допадна што беше вклучен, но сакам да биде уште повеќе, без да го заборави својот најголем талент – постигнување голови и тој е фантастичен во тоа“.
Во Премиер лигата, Халанд сега постигна 14 гола во првите осум кола во најсилната лига на светот, кои досега не ги постигнал ниту еден фудбалер, но тоа очигледно не е доволно за Гвардиола.
Интересно е што норвешкиот стрелец забележа две асистенции во победата на Сити. Така тој беше вклучен во вкупно пет од шесте гола на неговиот тим. Сепак, Гурадиола бара уште повеќе, што е најдобар показател за високите критериуми што ги постави овој тренер.
22-годишниот играч веќе е на прагот од три хет-трика во Премиер лигата, што е доволно интересно за Кристијано Роналдо во целата негова кариера, што е уште едно импресивно достигнување.
Гледајќи ги сите натпреварувања, поранешниот напаѓач на Борусија Дортмунд има 17 гола на своето конто, нешто со што не може да се пофали ниту еден играч во сите пет Лиги. Јасно е дека Халанд веќе се наметнува како главен кандидат за Златната топка за сезоната 2022/23.