Сопственикот на Монца, Силвио Берлускони, чиј тим се врати во Серија „Б“, призна дека се обидел да ги привлече Златан Ибрахимовиќ и Кака во тимот. Шведскиот напаѓач се врати во Милан во јануари, а бразилскиот плејмејкер се повлече од фудбалот во 2017 година. Сепак, Берлускони верува дека и двајцата би можеле да му помогнат на тимот да добие промоција.
– Златан беше наша цел, како и Кака. Проблемите кои не се поврзани со фудбалот, нè спречија и моравме да се откажеме, но никогаш не се знае, изјави поранешниот италијански премиер за „Теле Ломбардија“.
Дури и без играчите, Монца успеа да стигне до Серија „Б“ во втората сезона на Берлускони како сопственик. Покрај Кака и Ибрахимовиќ, сепак, Монца е заинтересирана и за синот на легендата на Милан, Паоло Малдини – Даниел Малдини.
– Се надеваме дека тој ќе се покаже како талентиран млад играч, додаде 83-годишниот поранешен претседател на „росонерите“.