ФУДБАЛ

Ибра раскажува кога ќе замине во пензија: Јас сум херој!

Златан Ибрахимовиќ ги изненади сите со својата изјава за „Gazzetta dello Sport“. Швеѓанецот го напушти тимот на Лос Анџелес Галакси и сега размислува за кариера во Серија А. Милан и Болоња се двете екипи кои сакаат да го потпишат играчот.

Швеѓанецот смета дека може да игра до 50-годишна возраст ако најде проект што го убедува и воодушевува. Тој даде изјава за „Gazzetta dello Sport“ и ги изненади сите.

„Ако најдам проект што ме возбудува, можам да играм до 50-годишна возраст. Имав прилично добро искуство во Лос Анџелес Галакси. Беше фантастично. Сега има два херои во светот, јас и Гарибалди“, рече тој.

ПОВРЗАНО

Серија А