Во негов стил, Златан Ибрахимовиќ го најави своето неизбежно враќање на терените. Милан е надвор од терените од минатиот мај кога тој имаше операција на коленото.
„Сè уште сум број 1, Боже. Сега се враќам, музиката ќе биде поинаква. Имам огромна желба, сакам да направам толку многу, сакам да го надоместам изгубеното време во овие седум, осум месеци што ги немам играно“, изјави Ибрахимовиќ за Медиа Сет.
Милан, бранителот на титулата, моментално е во серија на лоши резултати, без речиси никакви шанси да го одбрани тронот во Серија А.
„Тимот е во криза? Тоа не ме загрижува, тоа е нормално во текот на сезоната. Мора да разговараме и да ја докажеме нашата вредност на теренот. Критика? Тоа е нормално, ако не те критикуваат не си на врвот. Ме критикуваа 25 години затоа што сум најдобар и навикнат сум на тоа. Дали сè уште се чувствувам како Бог? Се разбира, ништо не се промени“, додаде тој.
„Имам 41 година и сакам да напишам уште многу страници. Телото се менува, физичките подготовки се различни, но квалитетот не исчезнува. Оние кои не веруваат во Господ, ќе им се докажам на теренот. Не со зборови“, заклучи славниот Швеѓанец.
