После одличната сезона во дресот на Милан, Златан Ибрахимовиќ ужива во заслужениот одмор.
Ибрахимовиќ требаше да игра на Европското првенство со Шведска, но се повреди на самиот крај на сезоната на натпреварот помеѓу Јувентус и Милан.
Иако многумина се надеваа дека станува збор за полесна повреда, на крајот не беше така. Ибра беше принуден да го пропушти ЕУРО и неговата цел е да влезе во новата сезона со Милан што е можно поподготвен.
Искусниот 39-годишен напаѓач ќе продолжи да го носи дресот на „росонерите“ и следната сезона, но поради повредата која ја заработи против Јувентус, сè уште е неизвесно дали ќе биде подготвен да ги започне подготовките.
Ибрахимовиќ во моментов е на одмор со семејството, каде ужива во својата скапа јахта, а секој ден објавува видео на социјалните мрежи.
Така беше и овој пат, бидејќи Ибра покажа како да се забавува на одмор, и да изведува акробации скокајќи во морето.
Сепак, на навивачите на Милан не им се допаѓа тоа што Ибрахимовиќ ризикува нова повреда скокајќи од јахтата бидејќи тој сè уште не се опоравил од старата повреда.
We fly pic.twitter.com/bqyGwBV2Kt
— Zlatan Ibrahimović (@Ibra_official) June 27, 2021
Исто така, пред неколку дена предизвика големо внимание кога покажа во каква музика ужива додека се одмара.
Покрај Осман Хаџиќ, Ибрахимовиќ пред светската јавност го претстави и хитот на Аца Лукас.
https://youtu.be/ANPSYSiJljY