ФУДБАЛ

Ибрахимовиќ е подготвен за изненадувачки потег

Златан Ибрахимовиќ се враќа во шведската фудбалска репрезентација.

Искусниот напаѓач на 39-годишна возраст игра одлично во Милан, а сега е подготвен да се врати во репрезентацијата на Шведска откако се пензионираше пред пет години.

Sky sport тврди дека Ибрахимовиќ ќе го најде своето место на списокот на селекторот на Андерсон за дуелите со Грузија, Косово и Естонија.

Популарниот Ибра неодамна го продолжи договорот со Милан до летото 2022 година и очигледно планира да игра повеќе.

Ибрахимовиќ одлучи да остане на Сан Сиро уште една сезона, и повторно ќе заработи седум милиони евра.

Искусниот 39-годишен голгетер оваа сезона постигна 14 погодоци на 14 натпревари во Серија А, а со неговото доаѓање го размрда целиот тим, кој, за изненадување на многумина, во моментов е втор во Серија А со шампионски амбиции

За репрезентацијата на Шведска забележа 116 настапи и додаде 62 погодоци.

ПОВРЗАНО

Серија А