Златан Ибрахимовиќ уште еднаш привлече внимание на јавноста, овој пат со видео на кое демонстрира импресивна физичка сила.
Ibra alza 135 kg in sala pesi
VIDEO -) https://t.co/sT3jG8QlGF#Milan #Acmilan #Ibrahimovic
— MilanWorldCommunity (@MilanWorldForum) January 27, 2026
Легендарниот Швеѓанец објави видео од теретана на својот Инстаграм профил, на кое се гледа како крева тегови од 135 килограми, потврдувајќи дека сè уште е во врвна физичка форма.
Иако ја заврши играчката кариера, Ибрахимовиќ очигледно не планира да успори.
Снимката од тренингот, која брзо предизвика бројни реакции и коментари од неговите следбеници, покажува дека Златан сè уште тренира на висок нивo, со интензитет кој го красеше неговата кариера.
Познат по својата харизма, самодоверба и дисциплина, Ибрахимовиќ со овој потег повторно потврди дека годините се само број за него.
