ФУДБАЛ

Ибрахимовиќ го избра својот тим од соништата, и многумина не можеа да поверуваат кога го погледнаа составот

Шведскиот напаѓач Златан Ибрахимовиќ уште еднаш ја насмеа јавноста со својот пост на Инстаграм.

Ибрахимовиќ игра во фантастична форма, а во неделата повторно ги воодушеви сите со својата игра во Неапол кога постигна два гола во победата на Милан против Наполи.

39-годишниот напаѓач оваа сезона одигра шест натпревари во Серија А и постигна дури десет погодоци, а е и најдобар стрелец на Апенините.

Ибра повторно ги насмеа сите објавувајќи на Инстаграм бидејќи имал задача да го избере својот тим од соништата. Но, тој реши да се стави на секоја позиција на теренот.

 

ПОВРЗАНО

Серија А