ФУДБАЛ

Ибрахимовиќ и Лукаку на испитување поради пресметката на Меаца

Фудбалскиот сојуз на Италија ја продолжи истрагата за конфликтот меѓу Златан Ибрахимовиќ и Ромелу Лукаку, што се случи на натпреварот помеѓу Милан и Интер во четвртфиналето од Купот на Италија.

На крајот на првото полувреме имаше жесток конфликт меѓу двајцата напаѓачи. Паднаа многу тешки зборови, а страстите не се смирија ниту по мечот.

И на двајцата им беше забрането да играат во Купот по натпреварот, но можно е нивната казна да биде уште поголема.

Обвинителот Гузепе Чајн ја продолжи истрагата за конфликтот. Двајцата фудбалери ќе бидат испрашувани и ќе ги објаснуваат настаните од теренот.

Ибрахимовиќ веќе беше испрашуван. Наскоро се очекува и Лукаку да биде испрашуван, по што обвинителот ќе донесе одлука за можни суспензии.

Многу ќе зависи од тоа што судијата на натпреварот напишал во извештајот, па навивачите на двата тима, како и на самите играчи, наскоро ќе ја дознаат конечната одлука.

Доколку има суспензија, тие ќе важат и на првенствените натпревари, и тоа секако би било голем проблем за двата тима бидејќи Златан и Ромелу се клучни играчи во нивните тимови.