ФУДБАЛ

Ибрахимовиќ ја напушти Италија

Златан Ибрахимовиќ ја напушти Италија, секако со потврда дека нема коронавирус. Се зборува дека е во конфликт со челниците на Милан, по отказот на Бобан и дека разменил остри зборови со Газидис. На крајот од сезоната, ако се доигра, ќе замине.

Сега останува да се види што ќе одлучи Ибра за својата иднина. Има понуда од Болоња, може во САД, но во италијанските медиуми се појави информација дека Интер би сакал да го врати како трет напаѓач зад Лукаку и Мартинез, бидејќи Санчез нема да остане.