Златан Ибрахимовиќ верува дека Манчестер Јунајтед треба да ја гради својата иднина околу двајца играчи, Паула Погба и Маркус Рашфорд.
Легендарниот напаѓач кој моментално игра во ЛА Галакси, во својата богата кариера играше за многу европски гиганти, како и за Манчестер Јунајтед.
Тој за англиски медиум даде интервју во кое ги повика челниците на тимот од Олд Трафорд да направат се што е во нивна моќ за да ги задржат Пол Погба и Маркус Рашфорд и дека тие треба да бидат носители на играта на Јунајтед во иднина, ако сакаат да се вратат на врвот во Премиер Лига.
“Мислам дека Пол Погба има потенцијал да биде најдобар играч во светот на својата позиција”, објасни Ибрахимовиќ.
“Тој е добар човек, многу тренира, слуша, сака да стане подобар, сака да победи и сака да игра во секоја игра”
“Гласините кои се појавуваат во јавноста не му пречат, бидејќи кога сте на тоа ниво, ќе има секакви гласини. На позитивен, негативен …”
“Рашфорд, иднината на Манчестер Јунајтед. На прв поглед го гледав како поединец – сега повеќе игра за колектив. Квалитетот користи повеќе за тимот, а не само за себе.”
“Тој има голем потенцијал и голема иднина со Јунајтед, а особено од она што доаѓа Јунајтед, мислам дека нема граници”, заклучи Ибрахимовиќ.