ФУДБАЛ

Ибрахимовиќ: Марадона не е мртов

Златан Ибрахимовиќ исто така не успеа да одолее да не ссе огласи по веста дека Диего Армандо Марадона починал.

Изминатите часови практично сите играчи или клубови се збогуваа со Марадона на некој начин, според многу и најдобриот играч на сите времиња.

Во објава на Инстаграм, Ибра рече дека Ел Пибе не е мртов, дека е бесмртен и дека ќе живее засекогаш.

“Мардона не е мртов, тој е бесмртен. Бог му го даде на светот најдобриот фудбалски подарок на сите времиња. Тој ќе живее засекогаш”, рече Ибрахимовиќ.

Инаку, аргентинскиот претседател Алберто Фернандез веднаш прогласи тридневна жалост, додека во Наполи решија да го сменат името на стадионот Сан Паоло во Диего Армандо Марадона.