Шведскиот напаѓач се очекува да го финализира неговиот трансфер во Милано во декември
Шведскиот фудбалер реши кариерата да ја продолжи во Италија во Милан.
Росонерите му понудија на напаѓачкиот ветеран 18-месечен договор и се очекува да платат 6 милиони евра за за него.
Според медиумот „Калчомеркато“, поранешниот репрезентативец на Шведска се очекува да му се придружи на Милан на почетокот на декември.
38-годишниот играч во минатото исто така успешно играше на „Сан Сиро“.
Доколку направи трансфер, ќе го заврши американското искуство со Лос Анџелес Галакси.