ФУДБАЛ

“Ибрахимовиќ нема да се врати во Милан”

Директорот на МИлан Леонардо истакнува дека враќањето на Златан Ибрахимовиќ во Сан Сиро не е можно.

Од 2010 до 2012 година, Ибрахимовиќ ги бранеше црно-црвените бои пред да замине во ПСЖ.

“Секој знае дека врската помеѓу Ибар и Милан е многу силна. Не можам да негирам дека сите размислувавме за неговото доаѓање, бидејќи тој е специјален играч, многу специфичен, но неговото доаѓање не е опција сега”, рече Леонардо

Договорот на Ибрахимовиќ со ЛА Галакси истекува во декември 2019 година.