Напаѓачот на Милан, Златан Ибрахимовиќ даде интервју за француски „L’Equipe“.
Ибрахимовиќ од 2012 до 2016 година го носеше дресот на ПСЖ кој тогаш, исто како и денес, имаше многу ѕвезди во својот состав. Говорејќи за „L’Equipe“, Ибра се осврна на актуелниот париски тим, но и голманот Џанлуиџи Донарума.
„Во мојот свет, Донарума денес е број еден. И не знам дали е добро да се менуваат голманите, како што е случајот денес во ПСЖ. Како и да е, навикнат сум да имам голман кој е број 1 и кој е секогаш ист. А за Донарума нема за што да се зборува, тој е најсилниот на светот. Играв со него, знам што зборувам“, изјави Ибрахимовиќ.
Тој го спомна и еден од неговите поранешни соиграчи, Марко Верати, 29-годишен италијански играч од средниот ред кој се уште е во ПСЖ.
Верати несомнено е еден од најдобрите на својата позиција“, изјави Швеѓанецот.
Инаку, тој за француските весници потврди дека неговата кариера се уште не е завршена.
„Нормално е на 40 години да си дома, да запалиш цигара и да си задоволен од кариерата што ја имаш. Сеуште не сум подготвен да пушам цигара“, изјави Златан.
Ибрахимовиќ има настапувано во Шпанија, Франција, Англија, а моментално е во Италија. Тој постигна преку 300 голови во најсилните лиги во светот.