ФУДБАЛ

Ибрахимовиќ побара замена, Пиоли не сакаше да го слуша

Златан Ибрахимовиќ му донесе победа на Милан со два гола во градското дерби против Интер.

Малку необична сцена за време на натпреварот. Ибрахимовиќ уморен побара замена, но Стефано Пиоли одби да го слуша.

По натпреварот, тренерот на „росонерите“ рече дека Швеѓанецот сакаше да ја напушти играта, сепак Пиоли не го слушаше.

“Ибра ме замоли за замена, но овој пат јас бев тој што се налути. Не го слушав и не го извадив, тој беше премногу важен за нас”, изјави Пиоли.

За потсетување, „росонерите“ го добија дербито со 1:2 и по четири кола се водечки тим во Серија А со максимален учинок.

 

ПОВРЗАНО

Серија А