Златан Ибрахимовиќ и Ромелу Лукаку го одбележаа синоќешното градско дерби помеѓу Интер и Милан.
На крајот Интер победи со 2:1 и се пласираше во Купот на Италија, но по натпреварот сите зборуваа само за судирот помеѓу Ибрахимовиќ и Лукаку, кои за малку ќе се степаа на теренот на крајот на првото полувреме.
Ибрахимовиќ и Лукаку разменија жестоки навреди во финишот на првиот дел, а останатите играчи мораа да реагираат за да ги разделат.
Конфликтот продолжи во тунелот каде Ибра и Лукаку си кажаа сè, и на крајот на краиштата Златан реши да објави дека не го навредувал напаѓачот на Интер на расна основа, но многумина веруваат дека тој нашол начин да го „прободе“ Лукаку со јасна порака дека е подобар фудбалер од него.
“Нема место за расизам во светот на Златан. Сите сме на иста трка и сите сме еднакви. Сите сме фудбалери, а некои се подобри од другите”, рече Ибра.
In ZLATAN’s world there is no place for RACISM.
We are all the same race – we are all equal !!
We are all PLAYERS some better then others.https://t.co/DhguHUOFte— Zlatan Ibrahimović (@Ibra_official) January 27, 2021