Милан синоќа беше поразен со 1-0 на „Сан Сиро“ од Манчестер Јунајтед, па испадна од Европската лига.
Милан одигра 1:1 на гостувањето во првиот натпревар од осминафиналето и имаше добра шанса да оди понатаму на реваншот, но погодокот на Пол Погба на почетокот на второто полувреме ги реши Росоњерите.
Златан Ибрахимовиќ е разочаран, тој верува дека една грешка беше одлучувачка.
„Големо е разочарувањето затоа што изгледавме многу добро на дваta натпревари, направивме една грешка и примивме гол“, изјави Ибра за „Скај Спорт Италија“.
“Требаше да ги искористиме нашите шанси. Не заслуживме да бидеме елиминирани, но ова е фудбал. Учите од негативни моменти за да напредувате понатаму. Одиме напред, оваа сезона не е завршена”, рече Швеѓанецот.
“Треба да се вратиме уште посилни во натпреварите во Серија А. Нашата цел е трофеј, и ако влеземе во Лигата на шампионите, и тоа е одлично”, додаде тој.