Селекторот на шведската репрезентација Џејн Андерсон изјави дека во среда ќе соопшти дали фудбалерот на Милан Златан Ибрахимовиќ ќе се најде на списокот на играчи за претстојните квалификации за ЕП против Белгија и Азербејџан.
Ибрахимовиќ се врати на терените на крајот на февруари по деветмесечна пауза поради операција на коленото.
„Ќе видите во среда дали Златан ќе биде на списокот или не. Веќе кажав дека Ибрахимовиќ може да помогне доколку е здрав и фит, иако можеби не е во стартниот тим“, изјави Андерсон.
Ибрахимовиќ (41) за шведската репрезентација одигра 121 натпревар и постигна 62 гола. Од репрезентацијата се повлече во 2016 година, но во националниот тим се врати во 2021 година во квалификациите за Светското првенство во Катар.
Фудбалерот на Милан последниот натпревар за Шведска го одигра на 29 март минатата година во мечот со Полска (1:1). Шведска е во групата Ф на квалификациите за ЕП 2024 со Австрија, Азербејџан, Белгија и Естонија.
