Каде и да играше Златан Ибрахимовиќ се обиде да биде шеф во соблекувалната, не успеа во Барселона, каде остана само една сезона.
Ибрахимовиќ се врати во Милан минатата недела по седум години, играјќи го својот прв кам-бек натпревар во понеделникот кога „росонерите“ одиграа нерешено против Сампдорија (0-0).
Според весникот „Кориере дело Спорт“, Ибрахимовиќ веќе започнал да шефува во соблекувалната, барајќи промена на формацијата и неговиот партнер во нападот.
Тренерот Стефано Пиоли реши да му угоди на Ибра, така што „росонерите“ ќе играат во формација 4-3-1-2 наместо 4-3-3 што играа досега оваа сезона.
Партнер на Ибрахимовиќ во нападот ќе биде младиот Рафаел Леао. Двајцата поминаа половина час заедно на теренот против Сампдорија и Швеѓанецот изрази желба да игра со талентираниот напаѓач.
Ова значи дека Сусо и Пиатек ќе завршат на клупата, што автоматски значи дека може и да го напуштат Милан до крајот на јануарскиот преоден рок.