Почина Фреди Фу, еден од најпознатите хирурзи во светот.
Фреди ја загуби битката со ракот, а познат е по тоа што ја спаси кариерата на Златан Ибрахимовиќ во 2017 година, кога имаше операција на коленото.
Швеѓанецот се повреди на натпреварот против Андерлехт таа година, и многумина мислеа дека тоа може да биде неговиот крај, но хирургот му помогна.
Затоа, Ибрахимовиќ беше погоден од веста за смртта на Фреди, па тој прозборе откако ја дозна тажната вест.
“Фреди Фу ми даде втора шанса во кариерата. Се уште сум на врвот благодарение на него. Му должам се. Ви благодарам Фу. Почивај во мир”, напиша Ибрахимовиќ.
Ибра тогаш играше за Манчестер Јунајтед, но во 2018 година замина во САД да игра за Лос Анџелес Галакси. Тој се врати во Европа пред две години, потпишувајќи за Милан и 39-годишниот фудбалер се уште е член на „росонерите“.
Моментално се опоравува од повредата, но ќе биде во комбинации за утрешниот натпревар од Лигата на шампионите против Атлетико Мадрид на „Сан Сиро“.
View this post on Instagram