ФУДБАЛ

Ибрахимовиќ воодушеви со неговиот потег на тренингот (ВИДЕО)

Годините се само бројка, кога станува збор за Златан Ибрахимовиќ.

Иако има 39 години, Швеѓанецот игра како во неговите најдобри денови и го води Милан кон Скудетото. Тој постигна 12 гола оваа сезона, иако не одигра добар дел од натпреварите поради коровирус и повреда, а навивачите сигурно нема да го обвинуваат за промашените пенали.

На тренингот, Ибра доминира и им покажува на помладите играчи како да го направат тоа. Тој сега објави видео од последниот тренинг на Росоњерите, кога постигнува гол по центаршут на друга статива во нинџа стил.