Во интервју за Скај Спорт, Златан Ибрахимовиќ зборуваше за неговата врска со тренерот Карло Анчелоти.
„Имам многу добри односи со Карло. Тој е одличен тренер и пред сè многу добар човек“, рече Ибрахимовиќ и додаде.
„Имав среќа да го познавам како човек и да работам со него. Жал ми е што нашата соработка траеше само една година. Би сакал повеќе време да работам со него, бидејќи заедно добро се сложувавме“.