Во 18-то коло од Серија А, Милан го совлада Каљари со 0:2 како гостин, а херој на „росонерите“ повторно беше одличниот Златан Ибрахимовиќ.
Шведскиот напаѓач постигна два гола во седмата минута од пенал и во 52-та минута на асистенција на Калабрија. Со нови голови, Ибрахимовиќ стигна до бројката од 12 погодоци во оваа сезона во Серија А.

Ибрахимовиќ имаше и свое шоу и кавга со противничките играчи на овој натпревар. Главната улога ја играше Диего Годин, со кого Ибрахимовиќ водеше жестока дискусија. По неколку „сочни“ зборови, Ибрахимовиќ се фати за меѓуножјето во еден момент.
