Фудбалерите на ЛА Галакси вчера беа поразени од Торонто со 5:3, а натпреварот го одбележа Златан Ибрахимовиќ кој го постигна својот 500. гол во кариерата.
Инрахимовиќ не можеше да му помогне на својата екипа да го избегне поразот, но сигурно дека ќе го памети натпреварот затоа што стигна до бројка од 500 постигнати голови. Швеѓанецот на овој натпревар имаше и мала расправија со играчот од средниот ред на домаќинот Мајкл Бредли.
Бредли од судијата побара да му покаже жолт картон на еден од фудбалерите на Галакси, а тоа не му се допадна на Златан кој започна „вербална војна“ со играчот на Торонто. После натпреварот новинарите ги интересираше што се случило помеѓу нив, а Ибрахимовиќ на свој начин реши да го прокоментира „конфликтот“ со Бредли.
„Многу зборува со судиите. Мисли дека е некој филозоф за фудбал. Па, постигнав повеќе голови отколку тој што има одиграно натпревари. Бредли би требало да ги следи моите правила и да ги почитува“, порача Ибрахимовиќ“.