Легендарните тренери Карло Анчелоти и Жозе Мурињо во текот на нивните кариери работеа со бројни асови на светскиот фудбал.
Неодамна, порталот Goal.com го објави Идеалниот тим на Пеп Гвардиола, составен од играчи со кои соработувал како тренер на Барселона, Баерн и Манчестер Сити .
Сега истиот портал имаше уште потешка задача. Тој ги состави идеалните тимови од двајца тренери кои во текот на нивните кариери тренираа многу повеќе големи клубови, па затоа изборот на асови беше многу поголем. Карло Анчелоти (Парма, Јувентус, Милан, Челзи, ПСЖ, Реал Мадрид, Баерн, Наполи, Евертон) и Жозе Мурињо (Порто, Челзи, Интер, Реал Мадрид, Манчестер Јунајтед, Тотенхем, Рома).
Реално, тие би можеле да направат по три Идеални тимови и секој би бил силен како земјата.
Ова е изборот на порталот „Гол“:
Тимот на Карло Анчелоти: Буфон (Парма) – Кафу (Милан), Неста (Милан), Канаваро (Парма), Малдини (Милан) – Пирло (Милан), Зидан (Реал Мадрид), Кака (Милан) – Робен (Баерн), Бензема (Реал Мадрид), Кристијано Роналдо (Реал Мадрид).
Тимот на Жозе Мурињо: Чех (Челзи) – Маикон (Интер), Серхио Рамос (Реал Мадрид), Тери (Челзи), Марсело (Реал Мадрид) – Макелеле (Челзи), Лампард (Челзи), Озил (Реал Мадрид) – Ето ( Интер), Дрогба (Челзи), Кристијано Роналдо (Реал Мадрид).
Jose Mourinho's best XI is absolutely legendary 🔥 pic.twitter.com/WHOMkEXsCK
— GOAL (@goal) July 3, 2022
Carlo Ancelotti's best XI is legendary 🔥 pic.twitter.com/Ja6QpoBE8e
— GOAL (@goal) July 1, 2022