Игор Стефановски (Иџе), на првата денешна трка на патеката „Валелунга“ го освои шестото место во рамки на ТЦР Италија шампионатот.
Иџе вчера, во квалификациите со време од 1:42,216, го освои 10. место со неговото возило Хјундаи И30, а денеска успеа да напредува неколку места и да стигне до шестата позиција со задоцнување од 17 ипол секунди зад победникот Ерик Бриглјадори.